
Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино, изрази надеж дека неговиот тим во последното коло може да дојде до титулата во француската Лига 1.
Во пресрет на последното, 38. коло, Лил е првопласиран со еден бод предност пред ПСЖ. На крајот од сезоната, Лил му гостува на Анже, а ПСЖ е гостин на Брест.
„Во фудбалот, најважно е да верувате во вашиот успех. Сè може да се случи. Мора да се фокусираме на играта против Брест и да се надеваме дека Лил нема да го победи Анже. Но, прво треба да се сконцентрираме на финалето на Купот на Франција против Монако. Во Лил има доволно искусни играчи. Според мене, сè ќе зависи од играчите, од нивната физичка и психолошка состојба“, изјави Покетино.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal