Connect with us

Тер Штеген оди на операција и го пропушта Европското првенство

Германскиот интернационалец Марк Андре Тер Штеген мора да замине на операција на коленото по завршувањето на сезоната, а тоа значи и дека ќе го пропушти настапот на Европското првенство со националниот тим. Тој вели дека е тажен поради ваквиот тек на настаните, но едноставно морал да го послуша советот на лекарите.


„Разочаран сум од вчерашниот пораз и дека сега веќе не можеме да ја освоиме Ла Лига. По компликуваниот почеток на сезоната, покажавме одличен карактер во 19 натпревари без пораз – но не бевме во можност да ја задржиме оваа форма. Одлучив заедно со медицинскиот тим на клубот да направам комплементарна интервенција на коленото. Тажен сум што ќе го пропуштам ЕУРО 2020 ова лето со Германија. За првпат по многу години ќе навивач што од дома ќе поддржува својата земја, се надевам дека ќе го освоиме трофејот! Ви благодарам за поддршката во текот на оваа тешка сезона и имајте добро здравје“, порача Тер Штеген.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови