
Тренерот на Барселона, Роналд Куман, по поразот од Селта (1-2) на „Камп Ноу“ во претпоследното коло во Ла Лига, зборуваше за иднината на Лионел Меси во каталонскиот клуб.
„Се надеваме дека ова не беше последен натпревар на Меси. Тој е сè уште најдобриот играч на светот. Постигна 30 погодоци во една сезона. Се надеваме дека Меси ќе остане со нас. Се сомневам дека ќе има некој што ќе може да постигне толку многу и во блиска иднина“, изјави Куман.
Договорот на 33-годишниот Аргентинец со Барселона истекува претстојното лето. Барселона веќе ги загуби шансите за шампионска титула во Ла Лига, а Лионел Меси доби фантастична понуда од Манчестер Сити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal