
Јувентус ја загуби шампионската титула, а можно е да не оствари пласман ниту во Лигата на шампионите. Андреа Пирло дефинитивно ќе се повлече од кормилото, а раководството почна потрага по нов тренер за следната сезона.
Јувентус би го довел Зинедин Зидан, но Французинот доколку го напушти Реал Мадрид сака да земе една година одмор. Масимилијано Алегри е веќе подготвен да го замени Зидан во „кралскиот клуб“, па „старата дама“ ќе мора да разгледува други опции. Весникот „Тутоспорт“, кој важи за близок до Јувентус, открива дека во пол-позиција во моментов е Џенаро Гатузо, тренерот на Наполи. Преговорите се веќе отворени и раководството на Јуве искажува јасни намери да го доведе во Торино.
Гатузо на крајот на сезоната сигурно ќе го напушти Наполи, но се споменуваше дека е речиси договорен да седне на кормилото на Фиорентина. Сепак, кога во трката се впушта Јувентус тоа би можело лесно да се промени.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal