Connect with us

Јувентус со подарок – пенал до триумф против Интер (ВИДЕО)

Дербито меѓу стариот и новиот првак на Италија му припадна на Јувентус, а во главна улога беа главниот судија и арбитрите во ВАР-собата. Пенали, црвени картони и пета гола, а на крајот „старата дама“ победи со 3-2 и ги задржа шансите во трката за пласман во Лигата на шампионите. Сега одговорот е кај „наполитанците“ кои гостуваат во Фиренца.

Во 88.минута, Хуан Квадрадо падна во шеснаесетникот откако самиот се сопна од ногата на Иван Перишиќ, но, сепак, беше досуден пенал што го реализираше колумбискиот интернационалец.

Во 24.минута, прв пенал за Јувентус, Хандановиќ го одбрани ударот на Роналдо, но Португалецот од втор обид ја смести топката во мрежата. Израмни Ромелу Лукаку, повторно од пенал во 35.минута. Јуве сепак замина со предност на одморот откако Хуан Квадрадо погоди во 45.минута.

Во 85.минута, по акцијата на Лукаку, Кјелини постигна автогол, а три минути подоцна, нов пенал за Јувентус и реализација од Хуан Квадрадо.

Домаќинот од 55.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Бентанкур, а во финишот беше исклучен и Бровозиќ од Интер.

Јувентус во моментот има 75 бода на четвртата позиција, но Наполи има 73 бода и играч помалку.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови