
Охрид е тимот што обезбеди второ место на табелата во Втората лига Запад и бараж за пласман во Првата фудбалска лига, откако и со поразот против Тетекс (1-0) имаше среќа што новиот прволигаш Скопје убедливо ја совлада Велешта (3-0) на стадионот во Автокоманда. Двете екипи останаа со по 46 бода, но охриѓани имаат подобар меѓусебен дуел и ќе играат бараж за пласман во елитата.
Скопје беше супериорен на дуелот со Велешта откако пред почетокот на мечот избраниците на Љупчо Марковски добија мотив кревајќи го и пехарот како најдобри во западното друштво. Филип Јаневски, Мустафа Јусуф и Михајло Јакимоски стрелаа за „пиратите“ на овој дуел.

Тетекс го совлада Охрид со 1-0 и обезбеди опстанок во второлигашкото друштво, без разлика на исходот и од бараж – натпреварите за пополнување на елитата. Стрелец на победничкиот гол за „текстилците“ беше Ринор Ајдини.
Дрита загуби од Кораби со 3-4, а Кадино и Гостивар одиграа 2-2. Масевски и Димовски беа стрелци за Кадино, а за гостиварци погодија Скендери и Есати.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А
