Полскиот интернационалец Роберт Левандовски го израмни рекордот на легендарниот Герд Милер од 40 постигнати гола во една сезона, откако погоди од пенал за Баерн Минхен во ремито (2-2) против Фрајбург. Тој носеше маица со порака „4ever Gerd“, порачувајќи дека рекордот на Герд Милер засекогаш ќе се памети.

Ајнтрахт Франкфурт доживеа вистински шок откако загуби со 4-3 на гости кај испаднатиот Шалке. Со ова, практично е невозможно тимот од Франкфурт да оствари пласман во Лигата на шампионите.
Баер Леверкузен ремизираше (1-1) против Унион Берлин, а Херта одигра без голови против Келн. Аугсбург го совлада Вердер со 2-0 и се спаси од испаѓање, но Вердер е сериозно загрозен пред последното коло.
Дарко Чурлинов одигра половина час во триумфот на Штутгарт на гости против Борусија Менхенгладбах. Стрелци на головите за гостите беа Ендо и Калајџиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













