Connect with us

Депај прифаќа помала плата за трансфер во Барселона

Мемфис Депај ја прифати понудата од Барселона и е подготвен да се приклучи на клубот како слободен агент ова лето, се вели во шпанските медиуми.

Сепак, неговото пристигнување на крајот ќе зависи од тоа дали Роналд Куман ќе остане на “Камп Ноу” и следната сезона, бидејќи, наводно, Депај е желба на тренерот. Од друга страна, раководството на Барса преферира трансфер на Серхио Агуеро.

Холандскиот репрезентативец веќе имаше договор со каталонците и требаше да му се придружи на клубот на почетокот на оваа сезоната. Но, тој трансфер пропадна поради неповолната финансиска состојба на Барселона, а овој пат, управниот одбор одлучи да му понуди помала плата од претходно.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови