
Чудна е оваа сезона во ПМФЛ, Вардар е подмладен и финансиски „тенок“ и се надева дека може да им откине бодови на останатите. Македонија ЃП под водство на Жикица Тасевски потсетува на оние денови кога во Ѓорче Петров се живееја шампионски денови, а денеска гостува на арената „Тодор Проески“ на мегдан против најтрофејниот. „Црвено-црните“ сепак се надеваат дека можат даљ стигнат до триумф.
„Ќе ја играме нашата игра, Вардар секогаш оди на победа без разлика на се. Македонија ЃП игра одлично во досегашниот тек од сезоната“, порачува тренерот на Вардар, Александар Васоски.
Ѓорчепетровци со максимален респект ќе гостуваат на нашиот најголем стадион, Вардар е бренд кој секогаш се споменува со пиетет. Но, тимот на Жикица Тасевски посакува да освои три бода и да ја продолжи одличната низа во шампионатот. Секако, и ако може да ја намали негативата во однос на лидерот во шампионската трка.
Шкендија му гостува на составот на Академија Пандев во Струмица и ќе биде без репрезентативецот Енур Тотре, а Шкупи вчера ремизираше без голови против Ренова во Тетово.
Борец на домашен терен го пречекува Силекс, а Струга Трим Лум е домаќин на Работнички. Во Битола, Пелистер има убава шанса конечно да стави крај на поразите и да победи против Беласица.
Standings provided by SofaScore LiveScore

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
И Агон Елези ќе го засили Сараево?

Интернационалци
Стефан Ристовски потпишува за Сараево

Евро-фудбал
Ал-Хилал тргнува по Бењамин Шешко

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку
