Работнички го совлада Вардар со 1-3 во 31.коло, а по велигденските празници тимот денеска продолжи со тренинзи и се подготвува за последните две кола од шампионатот. „Романтичарите“ се наоѓаат на петтото место на табелата во Првата лига и интенцијата е да се доигра првенството во максимален ритам.
„Задоволен сум од изданието против Вардар, имавме контрола над играта и резултатот иако се појавија слабости при прекин на игра. Тоа се сегменти на кои посветуваме посебно внимание, но повторно имаме проблеми при одредени ситуации на натпреварот. Сепак, доминиравме и успеавме да стигнеме до победа со која го осигуравме пласманот. Во наредните две кола до крајот на првенството ќе продолжиме да играме во максимален ритам, а шанса ќе добијат фудбалерите кои досега имаа послаба минутажа. Работнички секогаш мисли на иднината и мора навреме да го селектираме тимот и за следната сезона“, вели шефот на стручниот штаб, Александар Влахо за официјалниот сајт на клубот.
Во следното коло, Работнички на домашен терен го пречекува Силекс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













