Брегалница е нов прволигаш. Штипскиот тим и официјално стигна до шампионска титула во Втората лига – Исток откако го совлада Кожуф во Штип заврши со 3-0.
Штипјани поведоа во последната минута од првото полувреме со голот на Наумче Бакрачески. Владимир Дујовски зголеми на 2-0 во 58.минута, а Јован Манев беше стрелец на третиот погодок во 81.минута.
Тиквеш го совлада Кит Го со 3-1. Благоја Љамчевски во 15. минута донесе предност од 1-0 за кавадаречкиот состав, а Кристијан Костовски во 55.минута и Филип Костовски во 71.минута ги разрешија дилемите. Дарко Алексовски во 61.минута беше стрелец за Кит Го.
Плачковица на гости ја совлада Каменица Саса со 1-2, Победа славеше против Росоман со 3-1. Слога Виница го совлада Осогово со 4-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













