
Струга Трим Лум е најпријатното изненадување по првата полуетапа од Првата фудбалска лига, ако не ја сметаме Македонија ЃП, која веќе се етаблираше како еден од кандидатите и во трката за шампионската титула. Тимот на Срѓан Захариевски имаше одличен финиш, ги совлада Работнички (2-1) на домашен терен и Шкупи (1-2) на гости во Скопје и стигна до 28 бода, со кои котира многу високо, на четвртата позиција на табелата.
Претходно, Струга Трим Лум ремизираше (2-2) против Вардар и против Шкендија (1-1) на домашен терен, а единствениот пораз го забележа на гостувањето против Борец (2-1) во Велес.
Срѓан Захариевски успеа да изгради препознатлива игра на тимот, офанзивно, напаѓачки, на гол повеќе, а на таков начин доаѓаат и позитивните резултати. Тој го заслужи изборот за МАКФУДБАЛ – ТРЕНЕР на месецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
