Идните прволигаши се речиси познати. Брегалница и Скопје се пред промоција во елитата како првопласирани екипи на Истокот и на Западот. Сега многу поинтересно е во битката за баражот, а таму Охрид Лихнидос направи голем чекор напред со триумфот над Велешта (1-0) во Втората лига Запад.
Дарко Цветаноски беше човек на одлука на локалното дерби. Дефанзивецот се најде на вистинското место и одбиената топка од дирекот ја смести во голот на Велешта. Беше одличен во текот на целиот натпревар и во дефанзивата и го заслужи епитетот најдобар играч на 24.коло во вторите лиги во изборот на МАКФУДБАЛ.
Во следното коло, Охрид Лихнидос му гостува на лидерот Скопје и тоа ќе биде уште едно големо искушение за тимот на Драган Бочески.
Фото: www.ohridnews.com
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













