Connect with us

Ширер и Анри станаа дел од „Куќата на славните“ во Премиер – лигата

Двајцата поранешни напаѓачи Алан Ширер и Тиери Анри се првите играчи примени во Куќата на славните на Премиер – лигата.


Ширер ја заслужи оваа чест како најдобар стрелец во Премиер – лигата на сите времиња со 260 постигнати голови за Блекбурн, со кој ја освои титулата, како и со Њукасл.


„Кога ќе погледнете кои се неверојатни играчи настапуваа во Премиер – лигата, се чувствувам почестено поради влегувањето во Куќата на славните“, изјави Ширер.

Тиери Анри четирипати беше најдобар стрелец во една сезона во Премиер – лигата и водечки голгетер на сите времиња во Арсенал со 175 голови во 258 настапи. Со овој клуб два пати беше англиски шампион сезоните 2001/2002 и 2003/2004.

„Специјално е да бидете еден од првите двајца во Куќата на славните, и тоа со Алан Ширер“, изјави Анри.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови