
Милан размислува за враќање на Ерик Ламела во Серија А, по осум години поминати во Англија, се вели во италијанските медиуми.
Аргентинецот се пресели во Тотенхем во 2013 година, како дел од големиот број фудбалери доведени од средствата од продажбата на Герет Бејл во Реал Мадрид, но крилниот напаѓач никогаш не ги оправда очекувањата и покрај тоа што покажа блесоци на одлична форма.
Наводно, агентот на Ламела веќе разговарал со Милан за летна преселба, со оглед на тоа што „росонерите“ имаат потреба од нови офанзивни засилувања. Исто така, Аргентинецот влегува во последните 12 месеци од договорот со лондонскиот клуб, па поради тоа Милан би можел да го договори трансферот на Ламела за сума од 15 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Наполи ќе се засили со Вања Милинковиќ-Савиќ

Интернационалци
Валенсија го стави Столе Димитриевски на трансфер-листа

Евро-фудбал
Килијан Мбапе пренесен во болница!
