Connect with us

Солскјер: Воопшто не ми се допадна концептот на Суперлигата

Менаџерот на англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, изрази задоволство од неуспехот на европската Супер лига, истакнувајќи дека е против клупски натпреварувања од затворен тип.

„Воопшто не ми се допадна концептот на Суперлигата, бидејќи натпреварувањата мораат да се темелат на спортски заслуги. Јас сакам да го заслужам правото да играм во Европа“, изјави Солскјер на прес-конференција спроти утрешниот премиерлигашки натпревар против Лидс Јунајтед.


Манчестер јунајте, беше еден шесте англиски клубови заедно со градскиот ривал Манчестер сити, лондонското трио Тотенхем, Арсенал и Челзи, и актуелниот шампион Ливерпул, кои застанаа зад Суперлигата, но набрзо се откажаа по притисокот од англиската јавност.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови