
Европската Суперлига се уште е топ тема во светскиот фудбал. Дванаесет европски клуба предводени од Реал Мадрид и од Јувентус најавија отцепување од УЕФА и формирање на свое европско натпреварување кое требаше да им донесе огромни финансиски придобивки. Но, „востанието“ беше брзо загушено од УЕФА, Премиер – лигата и од британскиот премиер Борис Џонсон.
Сепак, клубовите оснивачи би можеле да имаат големи финансиски реперкусии. Флорентино Перез ги обврзал клубовите од Суперлигата да потпишат клаузула според која ќе платат по 500 милиони евра во случај на откажување, открива претставникот на Милан, Паоло Скарони, за „Газета дело спорт“.
„Во договорите имаше клаузула дека ако клубот ја напушти Суперлитага без одобрение на претседателот Перез, ќе биде парично казнет со 500 милиони евра. Јас тоа не го дозволив во договорот на Милан“, изјави Скарони.
Англиските клубови комплетно се повлекоа, исто како и Атлетико Мадрид, Милан и Интер, а останаа Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, кои се уште тврдат дека Суперлигата е реалност и ќе биде формирана набрзо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука
