Челси го зголемува интересот за централниот бек на Баерн Минхен, Никлас Суле, се вели во англиските медиуми. Договорот на играчот истекува на крајот на следната сезона, а во моментов нема отворено никакви разговори за негово продолжување.
Давид Алаба и Џером Боатенг ќе ги напуштаат баварците ова лето, а неизвесноста околу новиот договор на Суле го остава клубот уште поранлив. Поради тоа, се верува дека “сините” се подготвени да стапат на сцена и да ја искористат ситуацијата во нивна полза. На Томас Тухел, наводно, ќе му бидат дадени средства за нови засилувања во летниот предоен рок, а дел од нив би требало да бидат искористени за доведување на помлад партнер на Тијаго Силва во дефанзивата.
Што се однесува до германскиот репрезентативец, се вели дека ќе почека да види што ќе случи со тренерот Ханси Флик пред да донесе одлука за неговата иднина.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













