Рома ремизираше (1-1) на „Олимпико“ против Аталанта и ја сопре победничката серија на тимот на Џанпјеро Гасперини. Гостите од 69.минута играа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Робин Госенс. По ова реми, Аталанта се врати на третата позиција на табелата во Серија А со 65 бода, колку што има и четвртопласираниот Јувентус.
Аталанта поведе со голот на Руслан Малиновски во 26.минута, но Брајан Кристанте обезбеди бод за Рома со голот во 75.минута од мечот. Во финишот поцрвене и Ибањез од Рома.
Рома со 55 бода се наоѓа на седмата позиција на табелата.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski