Се верува дека Ерлинг Халанд ќе биде меѓу најголемите приоритетни цели на Барселона и на Реал Мадрид ова лето. Сепак, Борусија Дортмунд постави цена од 150 милиони евра, а сега и спортскиот директор на Бундес – лигашот, Михаел Цорк им стави крај на надежите на шпанските гиганти.
“Ерлинг ќе биде тука и следната сезона”, изјави Цорк за “Скај Германија”. “Нашиот став околу ситуацијата со Халанд е јасен и тоа го кажавме веќе неколку пати претходно. Одлуката нема да биде донесена без нас, објави спортскиот директор на Борусија.
“Без оглед на тоа на која позиција ќе завршиме оваа сезона, Халанд ќе продолжи да игра за нас”.
Претходно, и агентот на напаѓачот, познатиот Мино Раиола ги потврди намерите на германскиот тим околу 20-годишата ѕвезда: “Бев во Дортмунд да разговарам околу Халанд. Цорк јасно стави до знаење дека Борусија нема да го продаде Ерлинг. Ја почитувам одлуката, но не значи дека се согласувам. Нема војна меѓу мене и Борусија”.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













