Со најновата одлука на Владата на Македонија, спортот може да функционира во сите категории но со задолжителни ковид тестирања, ПЦР-тестови, и тоа пред секој натпревар. Оваа одлука која веќе е во сила е сериозен финансиски удар за клубовите и федерациите, во екипните и поединечните спортови.
Фудбалската федерација на Македонија одлучи да ги покрие финансиски сите ПЦР тестови за екипите од Првата и од Втората фудбалска лига за тестирањата за претстојното коло овој викенд. Но, федерациите со помала финансиска моќ не можат тоа да си го дозволат, а уште помалку клубовите кои се натпреваруваат. Ова значи дека речиси сигурно нема да можат да се одвиваат натпреварувањата во младинските категории.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













