УЕФА и официјално го промени форматот на Лигата на шампионите. Членовите на Извршниот комитет на УЕФА едногласно гласаа за промена на форматот на елитното европско натпреварување во кое отсега нема да има и место за клубовите што ќе бидат дел од Европската Суперлига.
Од сезоната 2024/25, во Лигата на шампионите ќе учествуваат 36 екипи, четири повеќе од сегашните 32.
Новиот формат предвидува една лига наместо поделба во групи. За време на турнирот, секоја од екипите ќе одигра минимум 10 натпревари. Осумте најдобри ќе се натпреваруваат за трофејот во плејоф формат. Тоа, според УЕФА, треба да ги зголеми приходите на клубовите и профитот за организаторите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













