Македонскиот второлигаш Победа се наоѓа во тешка ситуација и клубот се обидува да се реорганизира. За нов претседател е избран Емил Јанески, а нов спортски директор е Благоја Гешоски. До пред извесно време Победа беше акционерско друштво од пет акционери, секој со сопственост од по 20%. Сега, четири од петте акционери во клубот, односно сопствениците на 80% од акциите, го подарија својот дел на тројца фудбалски работници, членови на фудбалскиот клуб, па од тој момент Победа е фудбалски клуб на градот Прилеп.
Градоначалникот Илија Јованоски, поради фактот дека Победа е клуб на градот, формира координативно тело, со цел колективот подобро да функционира во периодот кој следи. За претседател на клубот е избран Емил Јанески, а за спортски директор Благоја Гешоски, кои заедно со актуелниот тренер Дарко Крстески ќе го водат клубот до крајот на првенството.
Во координативното тело ќе бидат вклучени и легенди на Победа, кои значат многу за фудбалот во градот и пошироко. Исто така, ќе се вклучат и членови од навивачките групи од општина Прилеп.
Победа се наоѓа на осмото место во ВМФЛ-Исток со 17 освоени бода по 22 одиграни средби.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski