Македонскиот прволигаш Работнички приклучи тројца млади фудбалери во сениорскиот погон. Со тоа продолжува клупската стратегија на „романтичарите“ да им се дава поддршка на младите фудбалери од академијата.
„Работнички продолжува со курсот за давање поддршка и шанса на младите фудбалери од својата академија. Во таа насока, раководството одлучи да потпише професионални договори со тројца фудбалери. Рушту Јонуз, Матеј Ангелов и Бљенд Зекири ставија потпис за верност кон клубот. Тие претставуваат светла иднина на Работнички и веќе се дел од сениорскиот погон под раководство на шефот на стручниот штаб Александар Влахо“, велат од клубот од Дебар Маало.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













