
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, доби признание од општина Аеродром за посебен придонес во спортот за 2020 година. Националниот тим предводен од Ангеловски успеа да се пласира на Европското првенство откако славеше со 0-1 во плејоф мечот од Лигата на нации против Грузија. Со тоа е остварен историски резултат за македонскиот фудбал.
„Особена чест и задоволство ми претставува наградата што денес ја добив од мојата општина на живеење“, истакна Ангеловски.
Македонија на Европското првенство ќе биде во група со Холандија, Австрија и со Украина.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal