
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, сака Лионел Меси и идната сезона да игра во дресот на Барселона. Не сака ова да биде неговото последно „Ел Класико“. На господски начин францускиот стратег одговори на прашањето на медиумите за најголемата ѕвезда на ривалот.
„Не сакам ова да биде збогување за Лионел Меси од Ел Класико. Би сакал тој да продолжи да игра за Барселона. Таму му е најубаво, неговата природна средина. Добро би било и за нас да продолжи да игра за Барселона. Но, да се разбереме, ние утре не играме против Меси, против поединец, туку против Барселона. Има таму уште многу квалитетни фудбалери и ќе се обидеме да ги запреме и да ги победиме. Исто така се надевам дека и за Серхио Рамос ова нема да биде последното Ел Класико“, изјави Зинедин Зидан.
Реал Мадрид утревечер ја пречекува Барселона во дуелот на титаните во Ла Лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Феран Торес замина на итна операција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
