Шпанскиот репрезентативец Дани Карвахал нема да биде во составот на Реал Мадрид на утрешното „Ел Класико“. И покрај сите напори да се опорави навреме и да влезе во тимот на Зинедин Зидан, тој, сепак, не е подготвен за настап.
Лекарскиот тим проценил дека десниот бек мора да продолжи со терапиите и со индивидуални тренинзи. Оваа сезона Карвахал имаше неколку повреди, се мачи и одигра само 12 натпревари за „кралскиот тим“.
Лукас Васкез ќе игра на десната странична позиција, а Зидан има големи проблеми и со составувањето на стоперската линија. Единствени опции се Начо и Милитао.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski