
Килијан Мбапе постигна хет – трик на гости против Барселона и двапати ја затресе мрежата на Баерн Минхен. Францускиот репрезентативец игра во врвна форма во Лигата на шампионите, а Пари Сен Жермен најави дека ќе разговара со него за продолжување на договорот.
Сепак, тој веќе донел одлука дека сака да замине во Реал Мадрид, тврди шпанскиот „Кадена Сер“. Спортскиот директор Леонардо ќе се обиде да ги убеди Нејмар и Мбапе да останат во Париз, но најверојатно тоа нема да му успее со францускиот напаѓач. Мбапе има желба да го носи дресот на „кралскиот клуб“, а Пари Сен Жермен ќе мора да го продаде ова лето затоа што влегува во последната година од договорот.
Реал Мадрид, според шпанските медиуми, веќе има подготвено 150 милиони евра за трансферот на Мбапе.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” агол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс
