Connect with us

Леонардо доби „пас“ од Ал – Келаифи: Нови договори за Мбапе и за Нејмар

Големиот триумф на Пари Сен Жермен во Минхен против европскиот првак Баерн (2-3) во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите одекна силно во светот на фудбалот. Претседателот на клубот, Насер Ал – Келаифи, задоволен од победата на „Алијанц арена“ и од изданието на двајцата најдобри фудбалери, му даде зелено светло на спортскиот директор Леонардо да преговара со Килијан Мбапе и со Нејмар за продолжување на соработката и по 2022 година.


ПСЖ како и сите останати клубови е во финансиска криза, но, сепак, сака да ги задржи најдобрите фудбалери во Париз.

„Среќни сме што ќе преговараме со нив за продолжување на договорите, видовме што значат тие во европскиот фудбал. ПСЖ сака да ги има најдобрите фудбалери во својот тим. Сега главен фокус е реваншот против Баерн Минхен, а потоа и конкретно ќе разговараме“, изјави Леонардо.

На двајцата фудбалери договорите им истекуваат во јуни 2022 година, што значи дека ова е пресуден период за да се разреши дилемата дали ќе останат во Париз.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови