
Натпреварот меѓу Холандија и Македонија од третото коло во групната фаза од Европското првенство најверојатно ќе се игра пред 12.000 гледачи. Арената „Јохан Кројф“ во Амстердам ќе може да се користи со 25% од нејзиниот капацитет или повеќе во јуни, во зависност од состојбата на пандемијата на Ковид–19, се вели во соопштението на Фудбалската федерација на Холандија, дадена во координација со холандската влада и со градот Амстердам, информира „Ројтерс“.
Натпреварите на ЕВРО 2020 во Амстердам се очекува да се играат со најмалку 12.000 гледачи на трибините, соопшти Холандската фудбалска асоцијација (КНВБ).
Сите гледачи ќе треба да имаат негативен тест за Ковид-19 во кус период пред натпреварот и ќе мора да се придржуваат до строгиот протокол за безбедност внатре на стадионот.
Бројот на заболени со коронавирус во Холандија се искачи на највисоко ниво од јануари. Баровите и рестораните се затворени веќе пет месеци, а јавните собири на повеќе од две лица се забранети.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal