Connect with us

Германците 20 години немаа пораз дома – И потоа дојде Македонија!

Ова не е ниту чудо, ова е повеќе и од сензација. Цели 20 години фудбалската репрезентација на Германија немаше пораз на домашен терен во квалификациски натпревар. Последниот го забележа во 2001 година, кога загуби од Англија (1-5) на 1.септември 2001 година. Карстен Јанкер го даде голот за Германците, а потоа Мајкл Овен постихна хет – трик за Англичаните, а голови постигнаа и Стивен Џерард и Емил Хески.

20 години подоцна, цели две децении, Германците не знаеја за пораз дома, а потоа дојде Македонија. Горан Пандев и Елиф Елмас ја испишаа историјата со погодоци за нашиот национален тим.

Претходно, Германија на квалификациски меч за СП дома има загубено само уште еднаш, во далечната 1985 година од селекцијата на Португалија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови