Дојде крајот и на серијата без пораз за Јоаким Лев со селекцијата на Германија во квалификациите за СП. Во 33. меч на кормилото, тој беше надмудрен од Игор Ангеловски и македонските фудбалски репрезентативци. Спортски го призна поразот.
„Не игравме убаво, немавме брз проток на топката. Додавањата беа катастрофални. Македонија одигра одличен натпревар, беа добро поставено во одбраната и чекаа на противнапади. Не можевме брзо да ги сопреме кога ќе тргнеа во контранапад. Не знам што се случуваше со нашиот напад. Имавме шанси, но не можевме да постигнеме гол. Тимо Вернер промаши голема шанса за триумф, но таков е фудбалот“, изјави Јоаким Лев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













