
Италијанскиот калчолигаш Јувентус е далеку од одбрана на титулата и тоа веднаш го вклучи алармот во Торино. „Газета дело Спорт“ открива дека клубот започнал преговори да го врати Марчело Липи.
Тој е еден од најуспешните тренери во историјата на клубот, а сега би ја извршувал функцијата технички директор. Сепак, би бил од голема помош за актуелниот тренер Андреа Пирло кој полека го пече занаетот, но очигледно има уште многу да учи.
Липи е еден од најтрофејните тренери на Јувентус. Тој со „старата дама“ освои четири првенства, еден италијански куп, четири суперкупа, еден трофеј во Лигата на шампионите, еден Интерконтинентален куп и Суперкуп на Европа.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski