Фудбалската Хоби лига ќе стартува на 19.април, пополнет е бројот на екипите во Лига А и во Лига Б, а на денешната прес – конференција организирана според сите протоколи во хотел „Парк“ во Скопје извршена е и ждрепка.
По 16 екипи ќе се натпреваруваат во Лига А во ОУ „Димитар Миладинов“ и во Лига Б во ОУ „Георги Димитров“. Поради интензитетот на пандемијата, а во согласност со екипите, стартот на натпреварувањето е пролонгиран за три седмици и ќе започне на 19. април.

Фантастични тимови ќе се натпреваруваат во новото издание на Хоби лигата. Легендарните „Грамоси“, потоа Серава, секогаш интересните Алкохол Јунајтед, а екипи имаат и ЈП Комунална Хигиена, Општина Чаир…
Во тек е пријавување и за Лигата Ц која ќе брои десет екипи.

ЛИГА А
- Јанта Волеј Драчево
 - Алкохол Јунајтед
 - Аматери
 - Гостилница Дома
 - Грамоси-Градска Меана
 - Дака Македонија
 - Дентал Имплант Солушн
 - Евротип
 - Зиаја
 - Кисела Вода
 - Нонејм
 - Реума
 - Светлост Куманово
 - Серава
 - Сервис Милошевски
 - Сопро
 
ЛИГА Б
    1. ЈП Комунална Хигиена
- Џовинаци
 - Алекс
 - Аполо
 - Батинца
 - Гиго Трејд
 - Голден Кар
 - Грин Мобајл
 - Ди-Ев
 - Иглс
 - Компанија Атанасовски
 - Линкс
 - Општина Чаир
 - Паркленд
 - Слобода
 - Балкан
 
												
																					- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal 
- 
															
								
									
																	МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal 
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																					
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							
																							












