Connect with us

МАКФУДБАЛ – ТИМ НА 24.КОЛО ВО ПРВАТА ЛИГА!

Шкендија до врв ја наполни мрежата на очајниот Вардар, Шкупи во снежни услови го освои Кратово, а Академија Пандев оствари нов триумф и побегна од опасната зона на табелата.


Македонија ЃП во фотофиниш дојде до триумф против Ренова во Тетово, Беласица му „откина“ бод на Работнички, а Борец и Пелистер си поделија по еден бод.

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим за 24.коло во Првата фудбалска лига.

  1. АЛЕКСАНДАР ВУЛИЌ (БЕЛАСИЦА)
    Голманот на Беласица бранеше фантастично, одбрани неколку зицери и го спречи Работнички во намерата да оствари триумф во Струмица.
  2. АБДУЛ РУАТУБЈАЈЕ (ШКУПИ)
    Корпулентниот дефанзивец на Шкупи постигна клучен гол на мечот со Силекс, го врати резултатски Шкупи по негативата, а потоа тимот од Чаир дојде и до победа.
  3. ЧАРЛЕСТОН (МАКЕДОНИЈА ЃП)
    Одбранбениот фудбалер на Македонија ЃП во улога на голгетер. Во последните мигови од мечот со удар со глава донесе триумф за „лавовите“.
  4. ХРИСТИЈАН ДРАГАРСКИ (ПЕЛИСТЕР)
    Одбраната на Пелистер издржа и освои бод во Велес против Борец, а тој беше како и секогаш „командант“ во последната линија.
  5. ЛАМИНЕ ДИЈАК (ШКУПИ)
    Царуваше на тешкиот терен за игра во Кратово со своите физички предиспозиции. Постигна и гол за пресврт и го трасираше патот на Шкупи до победата.
  6. БОБИ БОЖИНОВСКИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)
    Ветеранот игра одлично на секој натпревар, вистински предводник на тимот на „лавовите“, пример за борбеност и дисциплина во играта.
  7. ЉУПЧО ДОРИЕВ (ШКЕНДИЈА)
    Ги претрчуваше како „мали деца“ фудбалерите на Вардар, асистираше, постигна погодок и беше еден од најзабележителните во составот на Шкендија.
  8. МАРЈАН РАДЕСКИ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ)
    Ги влечеше конците во играта на својот тим во важниот триумф против Струга Трим Лум. Кога Радески игра на потребното ниво, Академија Пандев е силен тим.
  9. БЕСАР ГУЏУФИ (БЕЛАСИЦА)
    Младиот крилен играч на Беласица ја искористи можноста и постигна погодок кој долго ги мачеше фудбалерите на Работнички. На крајот донесе и бод за надеж за последнопласираниот тим на табелата.
  10. БЕСАРТ ИБРАИМИ (ШКЕНДИЈА)
    По подолг пост, Бесарт Ибраими конечно се размавна на дербито со Вардар. Беше двоен стрелец, асистираше и надмоќно ги надмудруваше противничките дефанзивци.
  11. КРИСТИЈАН ВЕЛИНОВСКИ (АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ)
    Стрелец на победничкиот гол за Академија Пандев со кој тимот излезе од опасната зона.

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ЕРНЕСТ ЃОКА
Шкендија беше доминантна на дуелот со Вардар. Максимално ги мотивираше фудбалерите, неговиот тим максимално ја искористи секоја слабост на противникот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови