Дефанзивецот Никола Ристески (24) е ново засилување на Работнички, објави клубот од Дебар Маало на официјалниот сајт. Тој денеска потпиша двегодишен договор и се приклучува веднаш во работата со тимот во пресрет на стартот на пролетниот дел од првенството.
Ристески доаѓа од редовите на прволигашот Борец и ќе ја зголеми конкуренцијата во одбраната на составот на Александар Влахо.
„Среќен сум што постигнав договор со Работнички, клуб со голема традиција и шампионско педигре во Македонија и надвор од нашите граници. Се надевам дека ќе дадам полн придонес во обидот тимот да ја оствари зацртаната цел во пролетниот дел од сезоната и понатамошните предизвици. Познавам голем дел од соиграчите и мислам дека брзо и успешно ќе се вклопам во новата средина“, изјави Никола Ристески.
Никола Ристески дојде од прволигашот Борец, а претходно во кариерата има настапувано за Кит Го, Еуромилк и за Кожуф.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













