Connect with us

Ди Марија и неговото семејство вторпат низ истиот пекол

Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија беше повлечен од игра во второто полувреме на натпреварот против Нант откако спортскиот директор Леонардо му објасни на тренерот Маурисио Покетино дека семејството му е животно загрозено откако крадци влегле во домот. Тој веднаш замина и за среќа заложничката драма завршила без огромни последници.


Ди Марија и семејството вторпат минуваат низ истиот пекол. Во 2015 година вооружени ограбувачи влегле во домот на Аргентинецот во Манчестер, но тој и сопругата, тогаш со мало бебе, успеале да се повлечат на горниот кат од куќата и ги оставиле да ги ограбат сите скапоцености. Тоа беше една од причините поради која сопругата на Ди Марија инсистирала тие да го напуштат Манчестер.

Сега повторно им се случи истото, со уште поголем пекол и заложничка драма, и во Париз. Крадците ги држеле како заложници членовите на семејството додека ограбувале, но и кога полицијата реагирала и се обидела да го разреши случајот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови