
Бразилецот Маркињос исто така бил жртва на грабеж за време на синоќешниот натпревар меѓу Пари Сен Жермен и Нант, откриваат француските медиуми. За разлика од Анхел Ди Марија, кој беше повлечен од игра во второто полувреме за да му биде соопштено дека семејството му е киднапирано од крадци, ситуацијата кај Маркињос не била тилку драматична.
Крадците провалиле во вилата на неговите родители која се наоѓа веднаш до неговиот дом во Париз, но немало посериозни закани по нивните животи.
Во ситуацијата на Анхел Ди Марија, дел од семејството биле заложници на крадците додека полицијата се обидувала да ги уапси. За тоа време, Анхел Ди Марија и Маркињос играа натпревар.
Крадците смислено провалуваат во домовите на пребогатите фудбалери на Пари Сен Жермен во периодот додека тие имаат обврски во клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal