Connect with us

Пандев кон судијата: Не ја допрев со рака, ти се колнам во децата

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев беше стрелец на водечкиот погодок за Џенова на дуелот против Удинезе (1-1). Тој постигна убав погодок, но судијата Џакомо Камплоне мораше да ја сочека и конечната одлука од ВАР-системот за да почне да се радува. Во меѓувреме, му пристапи на судијата убедувајќи го дека не играл со рака при приемот на топката и дека погодокот е регуларен.

„Не ја допрев со рака, ти се колнам во децата“, рекол Пандев на теренот, а пренесуваат италијанските медиуми.

По прегледување на ВАР – снимката, судијата го потврди погодокот на Горан Пандев.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови