Connect with us

Лапорта го носи Серхио Агуеро, а Куман го сака Мемфис Депај

Каталонскиот гигант Барселона има ново раководство, а тоа се чини дека не е на иста бранов должина со актуелниот тренер Роналд Куман. Новиот претседател Хоан Лапорта, како што откриваат медиумите на Островот, го договорил доаѓањето на Серхио Агуеро, напаѓачот кој ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната. Тој наводно веќе има начекен договор да потпише за Барселона како слободен агент и да се обврзе на верност до 2023 година.

Ова е еден од потезите на Лапорта и за да го убеди Лионел Меси да остане на „Камп Ноу“. Серхио Агуеро е еден од најдобрите пријатели на Меси.

Но, тренерот Роналд Куман не го сака Агуеро во тимот, туку инсистира Барселона да го доведе Мемфис Депај. Клубот поради финансиската криза не можеше тоа да го стори во зимскиот преоден рок, а Куман бара да биде одобрен буџет за холандскиот интернационалец Мемфис Депај по завршувањето на сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови