Муамед Сејдини ќе биде претседател на Фудбалската федерација на Македонија и во наредните четири години. Тој е избран со акламација, со 52 гласа, на денешното Изборно генерално собрание што се одржува во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

„Благодарност за довербата, со напорна работа ќе трудиме да ја оправдаме. Ќе продолжиме напорно да работиме и да овозможуваме најдобри услови за најдобрата фудбалска репрезентација, нашиот А-тим кој избори пласман на Европско првенство, но и за сите останати национални селекции. ФФМ ќе биде отворена за сите, ќе ја помага базата, а клубовите ги повикувам да разговараме и за можноста да формираат Здружение и самостојно да го преземат раководењето на лигата. Ќе продолжиме со вложувања во инфраструктурата. Вратата на ФФМ ќе биде отворена, би сакал да се гордееме со фудбалерите, тренерите, судиите, сите чинители…Денеска е голем христијански празник Прочка. Јас сум муслиман, но чесноста е секогаш мојата водилка. Простете ако грешев“, изјави Муамед Сејдини по реизборот на претседателската функција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













