Чилеанскиот интернационалец Артуро Видал утрово имаше успешна артроскопска операција на менискусот на левото колено, информираше Интер. Тој ќе паузира околу еден месец, по што доколку рехабилитацискиот процес мине во најдобар ред, ќе се врати на фудбалските терени.
Видал играше до 52.минута на мечот против Аталанта (1-0), а поради болки во коленото го пропушти дуелот со Лацио. По советите со лекарскиот тим на Интер одлучи дека е најдобро повредата да ја санира по хируршки пат.
Интер е лидер на табелата во Серија А и има шест бода предност во однос на второпласираниот Милан, а претстојниот викенд му гостува на Торино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













