Францускиот првак Пари Сен Жермен успеа да ја елиминира Барселона во осминафиналето на Лигата на шампионите, а раководството на клубот веќе размислува и за идната сезона. Одлуката е аргентинскиот интернационалец Анхел Ди Марија да остане на „Паркот на принцовите“ уште една сезона.
Неговиот актуелен договор со клубот истекува на крајот на сезоната, но агентот веќе ги договорил сите детали за да остане уште една година во Париз.
Тренерот Маурисио Покетино смета дека Ди Марија е многу важен играч за тимот иако следната година веќе ќе наполни 35 години. Аргентинецот дојде од редовите на Манчестер Јунајтед и ја игра шестата сезона во дресот на Пари Сен Жермен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













