Милан успеа да остане непоразен на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед во првиот осминафинален натпревар од Лигата на Европа. Симон Кјаер во втората минута од судиското продолжение израмни на 1-1, откако Дијало постигна водечки погодок за Јунајтед во 50.минута. Во првиот дел, Хари Мегваер успеа да го промаши речиси невозможното, од еден метар не ја погоди мрежата на „росонерите“.
Ајакс беше убедлив против јанг Бојс и славеше со 3-0. Стрелци за холандскиот тим беа Класен, Тадиќ и Броби.
Вилјареал со 0-2 го совлада Динамо Киев на гостински терен, а Славија Прага и Глазгов ренџерс ремизираа 1-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













