Фудбалската федерација на Косово го доби тоа што го бараше со оглед дека Шпанија се сложила да биде интонирана химната на оваа земја на меѓусебниот натпревар од квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година.
Шпанија не го признава Косово и најави дека нема да биде интонирана химната и нема да биде истакнато знамето. Но, од Косово се заканија дека нема да играат доколку тоа не се исполни затоа што федерацијата е членка на ФИФА и на УЕФА.
Последните информации од Шпанија велат дека владата и федерацијата сепак попуштиле и на мечот кој ќе се одигра во Севилја ќе биде интонирана химната на Косово и ќе биде истакнато знамето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













