Францускиот напаѓач Антоан Гризман жали за пропуштените шанси на „Паркот на Принцовите“ и елиминацијата на Барселона во Лигата на шампионите.
Имаше Барселона добри шанси, посебно во првото полувреме, кога Меси не реализираше пенал за 1-1. Но, на крајот мечот заврши само 1-1, а Барселона имаше огромна негатива од првиот дуел на „Камп Ноу“.
„Го покажавме вистинското лице и одигравме одличен натпревар. Пропуштивме многу шанси, штета. Имавме неколку чисти шанси, а потоа и пенал. Во второто полувреме беше многу потешко после тие пропуштени прилики. Сега мораме да се фокусираме на Ла Лига и на Купот на Шпанија“, изјави Гризман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













