Мафијашкиот клан на криминалецот Вељко Беливук, попознат како Вељо Невоља, се поврзува со исчезнување на уште неколку мажи, меѓу нив и претседател на фудбалскиот клуб Текстилац. Според информациите, се работи за Александар Глигоријевиќ (42) кој соработувал со нив.
Глигоријевиќ е претседател на фудбалскиот клуб Текстилац од Оџак, а на социјалните мрежи често посочуваше дека е член на „навивачката“ група на Беливук, Принципи. Неговото име неодамна го спомена шефот на Управата за криминалистичка полиција, Богдан Пусиќ, како име на лицето кое се наоѓа на списокот на исчезнати лица.
„Семејствата пријавија исчезнувања, но тие луѓе не се пронајдени до денес. Некои од нив и беа познати на полицијата, некои припаѓаа на навивачки групи. Не можеме да дадеме потврда дали се живи или не”, изјави Пусиќ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













