
Пари Сен Жермен има одлична позиција во пресрет на вечерашниот реванш од Лигата на шампионите против Барселона, предност од 4-1 која ја обезбеди на „Камп Ноу“. Но, тренерот на францускиот првак Маурисио Покетино посакува и втор триумф над каталонскиот тим ќе вечерва на „Паркот на принцовите“.
„Работата не е завршена. Мораме да бидеме целосно фокусирани, повеќе и од Барселона. ПСЖ ќе се обиде повторно да победи, бидете уверени во тоа. Барселона секако треба да брка резултат и ќе притисне со сите сили. Имаме максимален респект за противникот и сакаме со победа да го потврдиме пласманот во четвртфиналето на ЛШ“, изјави Маурисио Покетино.
Барселона се надева дека може да направи уште едно чудо против ПСЖ, потсетувајќи се дека во 2017 година се врати од негатива од 0-4 и тогаш победи на „Камп Ноу“ со 6-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А
