Connect with us

Де Лихт: Ваква елиминација ќе треба да се преживее

Италијанскиот првак Јувентус доживеа шокантна елиминација од Порто во осминафиналето на Лигата на шампионите. По продолженија, откако тимот на Андреа Пирло имаше и играч повеќе речиси цело второ полувреме, „старата дама“ оствари пирова победа од 3-2 која на Порто му го трасираше патот во четвртфиналето.

Дефанзивецот Матијс де Лихт доби шанса за настап токму во завршниот дел од мечот, а одбраната потклекна при слободниот удар на Серџо Оливеира. Холанѓанецот вели дека ова е голем удар за тимот на Јувентус.  

„Повеќе од 60 минути игравме со играч повеќе и вакво сценарио е тешко да се преживее. Лошо го отворивме натпреварот, во второто полувреме игравме добро, создадовме шанси, постигнавме два гола, но потоа се случи една кобна грешка. Тешко е да се поверува дека сме елиминирани од ЛШ уште во март и ќе треба време за тоа да се преболи“, изјави Матијс де Лихт.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови