Англискиот премиерлигаш Челси сака да го купи Ашраф Хакими од Интер. Новиот менаџер Томас Тухел сака да го доведе одличниот десен бек на „нероаѕурите“ на „Стемфорд бриџ“. Тој добро ги познава квалитетите на Хакими од периодот кога настапуваше за Борусија Дортмунд.
Интер го купи Хакими за 45 милиони евра од Реал Мадрид, но во моментот италијанскиот клуб се соочува со големи финансиски проблеми. Ќе мора да ги решава со продажба на дел од најдобрите фудбалери. Интер му должи две рати од договорот и на Манчестер Јунајтед за трансферот на Ромелу Лукаку.
Томас Тухел е подготвен да плати 55 милиони евра за Ашраф Хакими, а во трката е и Арсенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













